

ПАТУВАЊЕ БЕЗ ВИЗА ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ШЕНГЕНСКАТА ЗОНА
Од 19 декември 2009 година, државјаните на Република Македонија што поседуваат биометриска патна исправа ќе можат да патуваат без виза за краток престој во земјите од шенгенската зона. Под краток престој се подразбира престој во шенгенската зона не подолг од вкупно 90 денови, во период од 180 денови сметано од денот на првиот влез.
* * *
За престој во шенгенската зона подолг од 90 дена, поради вработување, студирање или поради подолг приватен престој, потребно е државјаните на Република Македонија да аплицираат за долгорочна виза или за дозвола за престој, во најблиската амбасада или конзуларно претставништво на земјата во која патуваат.
* * *
Државјаните на Република Македонија без виза за краток престој ќе можат да патуваат во:
- 25 земји членки на Европската унија: Австрија, Белгија, Бугарија, Германија, Грција, Данска, Естонија, Италија, Кипар, Литванија, Летонија, Луксембург, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Словачка, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Чешката Република, Шведска, Шпанија.
- 3 земји што не се членки на Унијата, а се дел од шенгенската зона: Исланд, Норвешка и Швајцарија.
Во однос на Грција, на граничните премини ќе се применува посебна процедура. Грчките гранични службеници нема да ставаат печати за влез и за излез во пасошите на патниците од Република Македонија, туку на посебен лист што ќе му се издава на патникот на граничните премини. Посебните листови ќе можат да се подигнуваат и во Канцеларијата за врски на Република Грција во Скопје и во Конзулатот во Битола. Патниците се охрабрени да го подигнат и пополнат овој документ однапред, за да заштедат време на граничните премини. Носителите на овој документ имаат обврска да го носат, не само при патување во Република Грција туку и кога патуваат во Шенген зоната и исто така, имаат обврска да го чуваат една година по неговата последна употреба.
Новите правила за патување без визи нема да важат за Обединетото Кралство и Ирска, земји-членки на Европската унија, но кои не се дел од шенгенската зоната. Информации за условите за влез во овие две земји, граѓаните на Република Македонија може да добијат во конзуларните претставништва на Велика Британија и Ирска и на нивните веб страници.
* * *
Државјаните на Република Македонија што поседуваат небиометриска патна исправа ќе може да патуваат во шенгенската зона, но при тоа ќе треба да имаат обезбедено валидна шенген-визаод конзуларните прет-ставништва на земјите од Шенген-зоната во Република Македонија, како и досега.
* * *
Покрај биометриска патна исправа постојат и други услови за влез што важат за сите државјани на трети земји што патуваат во шенгенската зона, а со тоа и за државјаните на Република Македонија. Тие се поврзани со поседување доволно финансиски средства за времетраењето на престојот и за враќањето во Република Македонија, поседување докази за целта и за условите на планираниот престој, потоа утврдување дека патниците не го надминале максималното времетраење на одобрениот престој, дека патниците не се сметаат за закана за јавниот ред, јавното здравство или за внатрешната безбедност и дека не се лица за кои се доставени предупредувања за да се одбие нивниот влез во земјата.
На државјаните на Република Македонија, при преминување на надворешните граници на шенгенската зона може да им бидат побарани некои од следниве документи:
(а) за деловни патувања, односно настани поврзани со работа: покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или на настани поврзани со трговија, индустрија или со работа; други документи со кои се утврдува постоење трговски односи или односи поврзани со работењето; билети за саеми и за конгреси, доколку се посетуваат.
(б) за патувања за потребите на учење или на други видови обука: потврда за запишување во наставна институција заради следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и на стручна обука; студентска легитимација или потврда за следење курс.
(в) за патувања за туристички или за приватни потреби: доказ/потврда за сместување (покана од домаќин, доколку се престојува кај домаќин или потврда од организација што обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување); докази за маршрутата на патување (потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето); докази за враќање (повратен билет).
(г) за патувања за политички, научни, културни, спортски или за религиозни настани или од други причини: покани, билети, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата што е домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата.
(д) доказ за поседување доволно финансиски средства: преку готовина, патнички чекови, кредитни картички и/или изјави за спонзорство, согласно утврдените износи од страна на секоја од земјите (Прилог 1).
(ѓ) потврда за патничко/здравствено осигурување за времетрање на патувањето.
* * *
Државјаните на Република Македонија може да бидат одбиени при влез во шенгенската зоната доколку не ги исполнуваат условите за влез, за што имаат право да добијат образложена одлука во писмена форма, издадена од органот овластен според националното законодавство за одбивање влез. Засегнатиот државјанин на Република Македонија има право на жалба во врска со ваквата одлука, која не го одлага нејзиното извршување.
* * *
За повеќе информации можете да се обратите во Амбасадата на земјата на Вашата дестинација во Република Македонија.
Прилог 1
Потребни средства за престој во земјите членки на шенгенската зона
Потребните средства за престој се пресметуваат во согласност со времетраењето и целите на престојот и според просечните цени во односната земја-членка за исхрана и сместување во предвиденото престојувалиште помножени со деновите на престој.
Односните износи кои ги утврдуваат земјите-членки се доставуваат до Европската комисија во согласност со член 34 од Шенгенскиот Код, се ревидираат периодично и се објавуваат во Службениот весник на ЕУ.
За повеќе информации може да се обратите во Амбасадата на земјата на Вашата дестинација во Република Македонија.
Австрија: дискреција на граничната полиција
Белгија: 38 еур за приватен престој, 50 еур на ден за престој во хотел
Бугарија: 50 еур на ден, 500 еур во тотал
Германија: 45 еур на ден
Грција: 50 еур на ден, или мин 300 еур за 5 дена престој
Данска: 350 ДКК на ден
Естонија: 55,60 еур на ден
Италија:
| Престој | За едно лице |
Две или повеќе лица |
1-5 дена |
269,60 еур |
212,81 еур |
6-10 дена |
44,93 еур |
26,33 еур |
11-20 дена (фиксна сума) |
51,64 еур 36,67 еур |
25,82 еур 22,21 еур |
Повеќе од 20 дена (фиксна сума) |
206, 58еур 27,89 еур |
118,79 еур 17,04 еур |
Исланд: 4000 ИСК на ден, или 20000 ИСК вкупен минимум средства при секој влез
Кипар: не е одредена сума, дискреција на граничната полиција да определи согласно престојот на лицето
Латвија: 10 ЛВЛ за приватен престој, 30 ЛВЛ за престој во хотел
Литванија: 40 еур на ден
Луксембург: дискреција на граничната полиција
Малта: нема податок во еур
Норвешка: 500 НОК на ден
Полска: зависно од возраста на лицето, вид на престојот и деновите на престој. Средна вредност 300плн за престој до 3 дена, за лица над 16год. или 150плн за лица под 16год.
Португалија: 40 еур на ден, 75 еур при секој влез
Романија: 50 еур на ден
Словенија: 70 еур на ден
Словачка: 56 еур на ден
Унгарија: мин 1 000 хуф
Финска: 30 еур на ден
Франција: 56,20 еур на ден или 28,10 еур на ден за лица со обезбедено сместување
Холандија: 34 еур, износот може да биде флексибилен во зависност од престојот
Чешка: до 30 дена 1010 CZK, над 30 дена 4040 CZK, над 90 дена 101 000 CZK
Шведска: 370 СЕК на ден
Швајцарија: 100 ЦХФ на ден, 30 ЦХФ на ден за студенти
Шпанија: 62,40 еур на ден, или 561,60 вкупен минимален износ средства кој треба до го поседуваат при секој влез
КОНТАКТ
Ви стоиме на располагање за сите дополнителни информации
прочитај повеќе ...
ХОТЕЛИ
можност за резервација за хотелско сместување
прочитај повеќе ...
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
можност за организирање превоз со разни возила
прочитај повеќе ...
АВИО БИЛЕТИ
можност за организирање и купување на авиобилети
прочитај повеќе ...