
Туристичката агенција „АМСМ ТУРС“ е формирана во 1995 година во рамките на „Авто-мото сојузот на Македонија“. Од самиот почеток на својата работа се одликува со препознатлив квалитет во давањето на туристичките услуги. Задоволството на клиентите го постигнуваме со деловен однос на соработка во текот на подготовката, давањето на услугата и грижата за клиентот по завршувањето на услугата, а за тоа можат да посведочат многубројните клиенти-корисници на нашите услуги на кои им останале во пријатно сеќавање моментите од патувањата и соработката со нашата агенција.
Основната задача на нашата агенција е задоволување на потребите на клиентите од комплетна туристичка услуга – обезбедување авионски и автобуски билети, хотелски резервации, туристички патувања во земјата и во странство, организирање на превоз со минибуси и автобуси, организација на конгреси, семинари и други манифестации, ловен туризам, патничко осигурување, информации и консултации за индивидуалните патувања.
Агенцијата е носител на Лиценца А за својата работа и од 2003 година рaботи според стандардот ISO 9001:2000 коj гарантира квалитетна услуга. Притоа треба да се напомене дека агенцијата е прва и една од ретките што работат според ISO стандардите за квалитет во давањето на услуги, а воедно е членка на Стопанската комора за туризам на Македонија.
Вработените во агенцијата, со својата стручност и долгогодишното работно искуство во областа на туризмот, й даваат препознатлив и специфичен белег на работата на агенцијата. Сите го поседуваат серфитикатот IATA за продажба и издавање на авионски билети и говорат повеќе странски јазици. Одговорноста, постојаната надоградба на образованието и усовршувањето на вработените се насочени кон квалитетно исполнување на барањата на корисниците на нашите услуги.
КОНТАКТ
Ви стоиме на располагање за сите дополнителни информации
прочитај повеќе ...
ХОТЕЛИ
можност за резервација за хотелско сместување
прочитај повеќе ...
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
можност за организирање превоз со разни возила
прочитај повеќе ...
АВИО БИЛЕТИ
можност за организирање и купување на авиобилети
прочитај повеќе ...